Монстуозниот чин се случил вчера во просториите на Клиничкиот центар кога началникот Голиќ отишол кај пациентот. Случајот го пријавиле медицинските сестри кои го затекнале Голиќ како сексуално го вознемирува несреќниот маж.
-Раководството на УКЦ во РС за овиј скандал дознало од дежурните служби дека докторот Голиќ неетички се однесувал кон пациентот. Одма случајот го пријавивме во полиција и побаравме да се испита целосно, бидејќи целта ни е сите наши пациенти да бидата заштитени – изјавил доктор Владо Џаиќ кој потенцирал дека пациентите за нив се на прво место и оти е покрената дисциплинска постапка против осомничениот Голиќ кој е и суспендиран од работното место.
Директорот на полицијата во Република Српска Дарко Чулум потврдил дека против приведениот доктор ќе бидат преземени сите законски мерки.