Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Серена Вилијамс влезе во бизнис со дијаманти. Во соработка со глобалниот производител на накит со дијаманти, К.П. Сангви, Серена покрена сопствена колекција на накит која има 70 парчиња накит со дијаманти.
Она што е најважно е што сите дијаманти се земени од зоните во светот каде што нема војни, а секое парче накит има и свое име, како “секси“, “победничка“ или“кралица“.
Во колекција на Серена Вилијамс има секаков вид на накит, од обетки, прстени па се до луксузни ракавици.
Инаку, цената на накитот се движи од 299 до 9.999 долари.
https://www.instagram.com/p/B42qCXqjRAx/?utm_source=ig_web_button_share_sheet