За разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез, неговите последни фотографии изгледа ја потврдија веста.
Имено, иако пред некој ден беа видени заедно, се чини дека на нивната љубовна приказна ѝ дојде крајот.
Холивудскиот актер вчера беше фотографиран како го вози својот автомобил, а фотографиите на љубопитните папараци открија дека тој повеќе не носи бурма на левата рака и со тоа потврди дека се разведува од латино убавицата, објави Телеграф.
Откако не беа видени заедно повеќе од еден месец, парот неодамна се сретна на училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин.
Како што пренесуваат светските медиуми, парот на настанот пристигнал одвоено. Ова е прв пат да се видат заедно во последните 47 дена, а интересно е што според фотографиите и двајцата тогаш ги носеле бурмите.