По осум месеци притвор во Грција, Сашо Кимовски – „Панки“ (52) се враќа на пеењето и на „Куку Леле“. Потврда за тоа е рекламата за настап на 31 декември во „Дежа ву“.
Инаку, Панки беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција. Тој се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.
Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.