Словенечката пејачка Сенида Хајдарпашиќ повторно крена прашина на социјалните мрежи — и тоа без никаква задршка. Овој пат позираше целосно гола во бања, покривајќи ги градите со рацете, додека селфито од туш-кабината заврши директно на нејзиниот „Instagram“.
На себе имаше само накит, а кадарот од бањата јасно покажа дека решила да оди чекор подалеку и дополнително да ја разбуди фантазијата на следбениците. Фотографијата за рекордно време предизвика лавина реакции, а коментарите не престануваат да пристигнуваат.
Едни ја фалат за самодовербата и смелоста, додека други сметаат дека претерала — но едно е сигурно, Сенидах повторно успеа да биде главна тема на мрежите.