Како што пренесуваат српските медиуми, контраверзниот италијански фудбалер Марио Балотели е едно од потенцијалните засилувања на Црвена Звезда.
Српски „Курир“ пишува дека најтрофејниот српски клуб е можна дестинација за 29-годишниот Италијанец, кој во јануари ќе биде слободен да преговара со клубови затоа што истекува неговиот договор со Бреша.
Новиот тренер на “црвено-белите“ Дејан Станковиќ добро го познава Балотели, со оглед на тоа што двајцата играа заедно во Интер. Некогашната голема италијанска фудбалска надеж има примања од 900.000 евра по сезона, сума која Звезда може да си ја дозволи.