Се работи за серијал “Библиски заговори“ во кој е претставена приказната за религиозниот Грк, Аполониус од градот Тијан, кој се смета за божји син. Во приказната се зборува за свештеникот кој е роден во време кога и Исус и кој има многу сличности со божјиот син, а постојат и истириски трагови дека навистина постоел. Аполониус има и голем број следбеници, а се опишани и чудата кој ги направи. Документарецот објаснува дека црквата го избришала овој чудотворец од историјата.
“ Неговото име е Аполониус, и роден е во третата или четвртата година пред новата ера, во Тијан, во Кападокија, Анадолија. Одел бос, и имал долга брада и коса. Бргу станал реформатор, а имал и моќ мртвите да ги оживе и да зборува мудрости несватливи за обичниот човек“ се вели во документарецот.
Инаку, минатата години беше актуелна приказната дека исусовиот роденден не е на 25 декември, како што се слави по грегоријанскиот календар.