67-годишната Неда Арнериќ, која почина во петокот имала последна желба. Таа била да биде погребана тајно, само во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите.
Неда која во петокот беше пронајдена мртва во својот стан оставила во аманет да биде кремирана и положена на Новите гробишта, покрај својата најголема љубов, сопругот Милорад Мештеровиќ, кој починал кон крајот на 2018 година, дознава Информер.
Тоа го потврдила и пријателката на актерката и колешката од каласата Јелена Тинска.
-Познавајќи ја Неда, верувам дека нејзината желба била да биде погребана без публицитет и да биде заедно со својот Миле – рекла Тинска.
-Боледуваше од депресија. Упадна во безнадежност, затоа што прерано влезе во светот на филмот и го прескокна детството, младоста. Влезе во сериозните години немајќи право за спомени, кои ние ги имаме кога живееме некој друг живот. Меч со две острици е кога сте окупирани со кариерата. И годините поминуваат, спласнува фасцинацијата со кариерата, се случува да немате доволно улоги и да упаднете во депресија – наведува Тинска.