Глумицата Галин Горџ, позната по улогите во „Робокап 2“, „Твин Пикс“ и „Принцот од Бел Ер“, ја загуби битката со ракот, пренесува „Дедлајн“. Иако ѝ дијагностицирале рак по целото тело и белите дробови, нејзиното семејство не било свесно за сериозноста на ситуацијата.
Веднаш по смртта на Галин, нејзиното семејство ја извести јавноста дека таа не успеала да се избори за својот живот и дека починала на само еден ден пред роденденот.
-Гелин Горг беше голем дел од нашето семејство, на секој од нас му значеше многу. Ѝ дијагностицираа рак што ѝ се прошири по целото тело и на белите дробови. Лекарите рекоа дека има само уште неколку денови или седмици живот, но таа остана оптимист и сите се молеа за чудо, но, за жал, почина. Не знаевме колку беше болна и дијагнозата за нас беше шок. Потрошивме многу пари и време, а сега ни требаат донации за погребот. Секоја помош е добредојдена, па дури и молитвите – напишало семејството на актерката, кое досега собрало 2.000 долари што ќе бидат искористени за погребот на актерката.
Горџ е родена во Лос Анџелес, а освен со актерство се занимавала и со продукција и танц.
Во последниве неколку години таа се појави во ТВ-сериите и „Паркови и рекреација“ и „Како да се извлечеш со убиство“. Таа неодамна завршила и со снимањето на филмот „Кампот на Телер“.