Тринаесетгодишната Џесика Мемишовска вчера се удавила во базенот Довеџик кај Битола при обид да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето за САКАМДАКАЖАМ. Тие велат дека Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот.
„Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја спаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката“, изјави Нехру Камбер, чичко на починатото девојче.
Целата вест на СДК.МК.