Семејството на Лиза Мари Присли наводно потпишало наредба да не се реанимира пред таа да умре по вториот срцев удар во болница, објавија американските медиуми.
Пејачката беше прогласена дека е во мозочна смрт откако беше итно пренесена во болница во четвртокот, каде што лекарите ја ставија во медицински индуцирана кома, пишува People.
Меѓутоа, со веста за нејзината критична состојба, семејството на Лиза одлучило да потпише налог за забрана за реанимација доколку таа повторно добие срцев удар.
Инаку, наредбата за да не се даде реанимација (DNR) е законски обврзувачка наредба потпишана од лекар на барање на пациентот. Оваа одредба постои за да ги почитува желбите на пациентот да не врши кардиопулмонална реанимација или напредна поддршка за живот во случај на срцев или респираторен застој.
Лиза доживеала два застоја на срцето, а по вториот била прогласена за мртва. Не е познато колку долго останала без кислород откако во четвртокот наутро куќната помошничка ја пронашла во несвест во нејзината спална соба.
Деталите за нејзината смрт доаѓаат откако нејзината куќна помошничка ја пронашла Лиза Мари во несвест во нејзиниот дом во Калифорнија во четвртокот наутро.
Нејзиниот прв поранешен сопруг, Даниел Кеоу, кој живеел со неа, се обидел со реанимација додека не пристигнале болничарите. Тие успеале да ѝ го вратат пулсот пред да биде однесена во болница. Меѓутоа, откако болничарите успеале да ја оживеат откако и дале епинефрин, таа „кодирала повеќе пати“ додека била во болница.
Да потсетиме, јавноста ја растажи веста дека почина Лиза Мари Присли, кантавторка и ќерка на Елвис и Присила Присли.
„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нѐ остави“, потврди Присила во изјавата за People во четвртокот навечер.
Лиза беше мажена четири пати, а нејзиниот поранешен Николас Кејџ, Мајкл Локвуд и официјалната страница на Мајкл Џексон емотивно се збогуваа од неа