Шесточлено семејство е пронајдено мртво во џип во гаражата на семејна куќа во Сан Антонио, Тексас. Таткото кој бил војно лице, пронајден е мртов заедно со сопругата и четирите деца на возраст од 11 месеци до четири години. Во возилото биле и нивните две мачка.
Според првичните информацији се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата од Сан Антонио соопшти дека призорот бил потресен.
-Како влегоа внатре, веднаш излегоа. Покрај вратата пронајдена е шифрирана порака, во која пишувало дека во куќата ќе бидат пронајдени тела. Во пораката пишувало и дека куќните љубимци ќе бидат во замрзнувачот – вели извор од истрагата.
-“ Внатре ќе пронајдете тела, не влегувајте“, пишуваше во пораката – изјавил началникот на полицијата.
Во прв момент се сомневал дека има поставен ио експлозив во куќата, па целиот кварт бил евакуиран. Но, подоцна е установено дека нема експлозивна направа.
Инаку, комшиите изјавиле дека добро не го познавале семејството бидејќи тоа се доселило во јануари.