Трет смртен во едно семејство како последица од коронавирусот е забележан во Бања Лука, потврдија вчера властите во овој град кој е најтешко погоден во епидемијата во БиХ.
-Маж на возраст од 51 година синоќа починал од коронавирус во Бања Лука, а изминатите две недели како последица на истиот вирус починаа и неговата мајка и татко, соопшти градоначаникот Игор Радојчиќ.
Овој тажен пример најдобро покажува колку е опасен Ковид -19, рече Радојчиќ и ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги избегнуваат собирањата за да се смали можноста од ширење на заразата и нови смртни случаи.
-Секогаш кога ќе помислите да одите на некое собирање, не заборавајте на сите мерки и препораки и сетете се дека некој може да заболи па и да почине, предупреди тој.