На почетокот од месецов струмичанка се обидела да го отруе својот сопруг, ставајќи му отров во кафето.
Триесет и деветгодишна жена во семејниот дом во село Иловица, сварила кафе, а потоа во него ставила отров. Откако сопругот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание, но за среќа преживеал.
На осомничената одредена ѝ е мерка притвор од 30 дена.Таа се сомничи за кривично дело „убиство во обид“.
Од прес службата на Јавното обвинителство велат дека осомничената се обидела на подмолен начин да го лиши од живот незјиниот сопруг ставајќи му во кафето течно средство хирбицид „моносан херби“.
Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.