СЕМЕЈНА ДРАМА НА ФУДБАЛЕРОТ: Мајка му на Роналдо утрово имала мозочен удар (ФОТО)

by Тони Зографски

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо заминал за Португалија откако неговата мајка во пет часот наутро била итно пренесена во болница бидејќи имала мозочен удар.

Долорес Авеиро (65) утрово во 5:30 часот била хоспитализирана во болницата „Нелио Мендоса“ во Фуншал, каде што е роден Кристијано.

Докторите објавиле дека таа е свесна и дека наскоро ќе пристигне и нејзиниот син во болницата, по што треба да се направат дополнителни тестови и ќе биде донесена одлука дали ќе биде пуштена на домашно лекување.

Инаку, Долорес пред една година имала проблем со ракот на дојката, одела и на зрачење. Во 2007 година исто така и бил отстранет тумор на дојката .Таткото на Роналдо бил алкохоличар, кој го напуштил семејството многу рано, тој починал во 2005 година од цироза на црниот дроб.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com