Синот на американската дизајнерка Рејчел Зои, Скајлер (9), имаше страшна несреќа на скијање во неделата, кога падна од жичарница висока 12 метри.
Тој моментално е во болница, но за среќа се заврши добро.
Рејчел сега објави преку својот профил на Instagram.
-Го објавувам ова за да ве потсетам на сите колку е навистина кревок животот, понекогаш не сме свесни дека сè може да се промени во дел од секундата. За среќа, Скај се опоравува, тој е најхраброто момче што го познавам. Иако јас и неговиот татко сме потполно скршени, денес се разбудивме благодарни за ова чудо и фактот дека нашето дете е безбедно и во ред, напиша Рејчел на Instagram со фотографијата на нејзиниот син од болничкиот кревет.
-Скај е одлично расположен сега, тој сè уште е збунет и во болки, но покажа дека е вистински шампион. Јас и мојот сопруг никогаш не сме биле повеќе благодарни што сега гледаме како нашето дете оди, се смее, зборува … За волја на вистината, тој беше похрабар и од двајцата – ние сè уште само го бакнуваме, гушкаме и само гледаме во него. Гушнете ги вашите бебиња денес од нас“, им порачала Рејчел на своите следбеници.