Жена од скопското село Сарај пријавила дека била претепана од нејзините двајца браќа.
Според полицијата, М.Е.(35) од селото Сарај, во Полициското одделение Сарај, пријавила дека во дворот од семејната куќа во селото била нападната од нејзините браќа Д.И.(32) и Е.И.(25).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.