Татко со остар предмет го ранил својот син по расправија откако го нашол во друштво со друго момче во тетовско Желино.
-Таткото Ф. Р. (56) во семејна расправија со остар предмет му нанел убодна рана на синот Р. Р. (23). Според пријавеното, додека Р. Р. бил во друштво со Ф. А.(19) од село Боговиње во своето возило, наишол таткото заедно со роднината Е. Р. (31) од село Желино, по што започнала расправија па физички напад. Таткото во еден момент на расправијата го удрел синот по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. 23-годишниот син потоа е однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“–Скопје, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.