Семејна драма се одиграла вчера во крушевско село.
Како што информира МВР, вчера во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата 27-годишна ќерка и неговата 52-годишна сопруга, по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар.
65-годишниот маж бил приведен во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.