Маж од Хрватска се обидел да го удави своето неколкумесечно бебе кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа.
32-годишникот е уапсен по синоќешната бркотница во Клис, Сплит, а по полициска постапка најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапси, тој се уште беше агресивен и даваше отпор, објавија хрватските медиуми.
Бебето кое имало симптоми на давење во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.
Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа избегал.
Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.
Постарото дете е сместено во детска установа, а бебето се уште е во болница, на одделението за интензивна нега.
Бебето не е во животна опасност, тоа е хоспитализирано, како и нејзината мајка која е во голем шок и е сместена во психијатриското одделение.