На градоначалникот на швајцарското село Беркун му текна одличен маркетиншки трик. Тој забрани селото да се слика бидејќи тоа е толку убаво што неговите слики не смеат да се најдат на социјалните мрежи.
Како што тој изјавил, тие што на фотографиите ќе го видат Беркун ќе бидат љубоморни што не се таму и подобро е да дојдат селото да го видат во живо.
Се разбира, забраната е само маркетиншки трик, никој не е казнет, а хаштагот Бергун е еден од попопуларните на социјалните мрежи.