Салма Хајек прослави 15 години брак со милијардерот Франсоа Анри Пино, со кого се омажи во Венеција во 2009 година.
По тој повод, актерката на Инстаграм објави досега невидени фотографии од свадбата со милијардерот.
„Нема зборови со кои може да се опише благословот за да се најде мојата сродна душа. На сите вас кои ја пронајдовте, никогаш не ја земајте здраво за готово. За сите вас кои не сте го направиле, никогаш не се откажувајте. Се потсетувам на еден од најубавите денови во мојот живот“, напиша таа на Инстаграм.
Инаку, нејзиниот сопруг е сопственик на бројни луксузни брендови како „Gucci“, „Botega Veneta“, „Alexander McQueen“ и „Balenciaga“.
Магазинот „Форбс“ наведува дека семејството на милијардерот „тежи“ речиси 40 милијарди долари.