Селма Хајек: “НЕ СЕ СРАМАМ ДА ОБЈАВАМ ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ ВО БИКИНИ“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Глумицата Селма Хајек призна дека на крајот на минатата година морала да ослабе за да облече бикини. Таа рече дека често објавува провокатини фотографии во костими за капење и дека на тој начин се чувствувала послободна.

„Мило ми е што објавив многу фотографии, не се срамам бидејќи тоа беше првата недела од одморот“, изјави актерката за „Entertainment Tonight“, додавајќи дека објавувањето фотографии е ослободувачко, но дека оние кои морале да ги гледаат фотографиите веројатно им се „лошело“.

Таа додаде дека тоа и предизвикува чувство на ослободување, но и призна дека секојдневното објавување на фотографии во костими за капење можеби за некои од фановите и им било смачување.

„Ќе си помислат дека секој ден носам бикини“, рече Хајек која призна дека и морала да ослабе и дека вежбала секој ден на крајот на минатата година за да облече бикини.

За потсетување, Селма неодамна со ќерка ѝ Валентина Палома позираше за насловната страна на мексиканскиот „Вог“. 14 годишната Валентина лесно поминала на снимањето, а актерката со фотографијата се пофалила на „Инстаграм“.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com