Селена Гомез (31) избра фустан на Оскар дела Рента, направен исклучиво за неа, од проѕирни делови и форми што личат на цветни ливчиња.
Деколтето ги нагласило нејзините раскошни облини,.
На ливчињата на фустанот имало повеќе од 450.000 светкави украси, а Селена носи и синџирче од „Тифани“ со морганит од 35 карати, дијаманти и розови сафири, во платина и жолто злато. Морганитот, инаку, е редок вид портокалов или розов скапоцен камен, кој доби популарност во последните петнаесет години.
Актерката, која неодамна објави дека има ново момче, носеше пунџа и кармин за да одговара на фустанот и дискретни сандали, а на црвениот тепих ѝ се придружија познатите актери Стив Мартин и Мартин Шорт, со кои игра во хит-серијата Only murders in the building.