Еуфоричен аплауз за селекторот Игор Ангеловски Мрме, кој застанат во редот за албумот со сликички за претстојното Европско првенство, покажа уште еднаш дека е обичен а голем.
Имено, денес започна продажбата на албумот „Панини“ за Европското првенство, каде за прв пат ќе ја има и македонската репрезентација.
Селекторот, Игор Ангеловски застана во редот и чекаше да го купи својот албум, исто како и сите други купувачи.