Бенжамен Гриво, поранешниот портпарол на француската Влада и член на француската партијата „Републиката напред” (РЕМ), денеска се повлече од трката за градоначалник на Париз откако на интернет се појави видео со експлицитни сцени.
По повлекувањето на Гриво, партијата РЕМ на францускиот претседател Емануел Макрон остана без кандидат за градоначалник на локалните избори следниот месец.
Гриво се повлече од трката за градоначалник утрово, наведувајќи дека бил мета на „злобни напади” на интернет и социјалните мрежи.
– Моето семејство не го заслужува ова. Никој никогаш не треба да биде мета на такво злосторство, изјави Гриво.
Видео записот содржи пораки упатени кон жена, што наводно ги испратил Гриво.
Видео записот потоа се проширил на социјалните медиуми.