Хрватска ја потресува секс скандал во чиј центар се нашол потпретседателот на Владата, Томислав Толушиќ, кој наводно во друштво на проститутка, консумира кокаин.
На фотографиите кои ги објавил хрватски „Национал”, се гледа Толушиќ како седи во фотелја а до него е црнокоса жена со голи нозе. Таа во раката држи мобилен телефон, а наводно Толушиќ се подготвува да консумира кокаин, пренесува „Индекс.хр”.
„Национал” пишува дека станува збор за врвна фотомонтажа, откриена во ситни детали, а ја разоткрила хрватската служба СОА. На пример, спореден е изгледот на раката на Толушиќ. Мажот кој би требало да биде Толушиќ на раката носи часовник за кој министерот за земјоделие тврди дека го нема. Понатаму, агентите забележале дека лицето на фотографијата носи заоблени чевли, додека Толушиќ секогаш носи шпицести.
„Станува збор за неверојатно злобен обид за компромитација кој надминува се што досега сум сретнал”, вели Толушиќ за „Национал”.