Поранешниот прв човек на партијата на Изетбеговиќ во Бихаќ, Партија за демократска акција и актуелен претседател на собранието на Унско – санскиот кантон, Аган Буниќ е главна тема на порно скандал кој одекна во целиот регион.
Тој е исклучен од партијата зашто на порно каналот Pornhub објавувал видеа и фотографии како се задоволува. Имено, на сајтот постои видео под името “Претседателот на Собранието на УСК Аган Буниќ во акција“ на кој наводно босанскиот политичар се задоволува.
Инаку, Аган Буниќ и претходно бил познат по редица други скандали, како вработување на 50 тина свои роднини во управата на кантонот, меѓу кои и љубовниците на своите пријатели , сепак по овој скандал јавноста бара и да си поднесе оставка од функцијата, а не само од партијата.Исто така на жените и девојките им праќал фотографии и видеа со порно содржина, по што медиумите го нарекоа ,,морално дезориентиран”.
На прес конференцијата тој ништо не демантираше туку го обвини врвот на партијата дека го приморува во коалиција со лабуристите.