На новинарката од Би-би-си од Ирска, Ема Варди, ѝ се заканува отказ од своите шефови откако се појавила во пародично видео на песната од Queen „I Want to Break Free“, на кое што глуми сексуална сцена со своето момче Арон Адамс.
Видеото го направиле нејзиното момче и колегите од аматерски фудбалски клуб за да соберат средства за британската „Национална здравствена служба во борбата против коронавирусот“. Видеото било објавено на профилот на 8th Old Boys Football Club со забелешка: „Четири недели во карантин, без фудбал, ете што се случува“.
На снимката, како што се гледа, новинарката ја пее песната додека нејзиното момче се наоѓа над неа, а тоа не им се допаднало на шефовите од Би-би-си, па побарале од неа да ја избрише снимката, а исто така ѝ испратиле и е-маил, во кој пишувало дека вработените во нивната компанија мора да внимаваат на тоа што објавуваат на социјалните мрежи.
„Ова требаше да биде забава, но Ема сфаќа дека е несоодветно и сцената е отстранета“, изјави портпаролот на Би-Би-Си за „Daily Mail“.