Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс зад себе има голем број афери поради кои престојувал и во затвор.
Еден од најдобрите крилни играчи во историјата поради тоа го добил прекарот „сексуален предатор“. Познат е по тоа што ја имал секоја девојка којашто ќе ја посакал.
Најголемиот скандал секако му е аферата со сопругата на родениот брат која подоцна абортирала негово дете. Таткото јавно се откажал од него и застанал на страната на синот Родри.
Гигс во 2011 година ја шокираше јавноста кога се дозна дека осум години имал афера со Наташа Гигс, сопругата на братот Родри. Наташа открила и дека абортирала негово дете неколку седмици пред да се венча за Родри во Лас Вегас во 2010 година. Додека скандалот ја шокирал јавноста, тешко било да се замисли како се чувствувала сопругата на Рајан, Стејси со која тој имал ќерка и син.
„Сите имаме слабости. Онаа на Рајан беше кога и да излезе дека мора да спие со некоја жена. Тој е сексуален манијак. Но, не го мразам, ми е жал за него“, изјавил Родри за братот пред неколку години.
Рајан по сопругата Стејси со која бил десет години во брак и со која има две деца се впуштил во авантура со Кејт Гривил која сега го обвинува за сексуално и физичко злоставување. Поради нападот на Кејт полицијата пред три години го привела, па едно време поминал и зад решетки.
„Ја сум сериски љубовен измамник. Ја лажам секоја партнерка. Не можам да им одолеам на атрактивните жени“, изјавил Гигс на судењето во 2022 година.
Ова признание не им пречи на девојките – напротив. Деновиве Гигс бил снимен со 14 години помладата и атрактивна Зара Чарлс. Папарацо фотографите ги фотографирале додека тој се шишал, а девојката го чекала пред фризерскиот салон.