Американскиот писател со унгарско потекло Џо Естерхас (75) го напишал сценариото за филмот „Основен инстинкт“, со што стана славна легендарната холивудска актерка Шерон Стоун (62), а во една прилика открил дека имал секс со неа и дека таа го сторила тоа „за да му се заблагодари за улогата што ја направила позната“.
Иако шокираше со отворената сексуалност и сцените на насилство уште пред да излезе, еротскиот трилер „Основен инстинкт“ во 1992 година оствари огромна добивка од 352 милиони долари.
Во филмот биле вложени 49 милиони долари, па дури и пред да се појави во кината, предизвикал контроверзии во јавноста заради живописните сцени на секс, насилство и силување. Геј активистите исто така протестирале затоа што бисексуалната жена била прикажана како психопат.
Сценаристот неодамна открил дека спиел со Стоун откако филмот излегол во кината.
„Драго ми е што ја одведов во кревет. Не затоа што сексот беше многу добар, беше во ред, но ништо посебно, туку затоа што поради неа ја запознав љубовта на мојот живот, сопругата Наоми. Сексот со Шерон не ѝ значеше неа или на мене, беше за една вечер“, изјавил тој во интервјуто.
Тој објасни дека ниту Шерон не придала голема важност на нивниот секс за една вечер.
„Мислам дека таа само сакаше да ми се заблагодари затоа што го напишав најголемиот хит во нејзиниот живот. „Основен инстинкт“ беше најголемиот хит таа година во кината низ целиот свет. Мислам дека го заслужив тој подарок“, изјавил Естерхас, шокирајќи ја јавноста.