Дечкото на Џорџ Мајкл, Фади Фаваз (46) изнесе шокантни тврдења за покојниот пејач. Фаваз кој не доби ни долар по смртта на Мајкл во 2016 година напиша:
“ Џорџ никогаш не ја пишуваше својата музика а им плаќаше на други да му ја пишуваат. Тој само се потпишуваше како автор. Воопшто не беше талентиран“, напиш Фаваз и открива дека сексот им бил досаден, а и дека Џорџ Мајкл пред да почине бил ХИВ позитивен.
“ Тоа го дознавме во Виена, откако му се слоши. Не сакаше за тоа јавно да зборува“ .
После тоа Фади Фаваз објави селфи да потврди дека тој тоа навистина го напишал.
Бесните фанови на пејачот веднаш му одговориле:
“ Одвратно е вакви работи да се објавуваат за мртов човек кој не може да се брани. Ти навистина немаш срам“.
Инаку, Фадил кој е фризер, виден е во Лондон целосно запуштен и наводно живеел во евтин хотел.