Додека нејзиниот татко е конзервативец кој го брани Доналд Трамп, Керолајн Џулијани е целосно посветена на индивидуалната слобода. Taa во новиот есеј детално го опишала своето искуство на сексуален “еднорог”, односно лице кое сака да има интимни односи со други парови.
Велат дека јаболкото не паѓа далеку од стеблото, но во случајот со контроверзниот американски адвокат и политичар Руди Џулијани, поранеш градоначалник на Њујорк, и неговата ќерка Керолајн, таа изрека е далеку од точна.
Таа е сценаристка и режисерка чија работа во главно се занимава со прашања за менталното здравје и човековата сексуалност. Веќе со години отворено се декларира како бисексуалка, а за списанието “Wanity Fair” сега напишала есеј за нешто што на многумина би им било непријатно да им го признаат дури и на најблиските – дека обожува “тројки”.
“Запознав девојка која сакаше да бидам доминантна наднеа, но да бидам субмисивна на нејзиното момче. И тоа ми се допадна. Отсекогаш барав некој што ќе ме сака поради тоа што сум дива”, вели таа.
Првата средба била малку необична, бидејќи три лица морале да пронајдат заеднички јазик, но брзо сфатиле дека добро се разбираат. Како на маса, така и во креветот.