За разлика од многу познати дами чии лица се речиси неподвижни од ботокс, холивудската глумица Шерон Стоун (63) е вистински пример дека жената може да изгледа убаво и негувано во некои подоцнежни години и покрај нејзината возраст.
Тоа го докажа со најновите фотографии на кои ја гледаме како се шета низ Венеција во црн фустан со длабоко деколте и шлицови, се’ со цел да сними реклама за брендот „Долче и Габана“.
Елегантниот црн фустан ја истакна витката линија на убавата актерка, додека шлицот и деколтето ги ставија витките нозе и гради во преден план. Изгледот го комплетираа црните сандали, но се чини дека пресудна е харизмата и енергијата со која зрачи Шерон Стоун.
Таа на својот Инстаграм објави една од фотографиите од снимањето, а многу познати дами не одолеаја да го пофалат нејзиниот изглед.
„Мислам, ова е моќ. Вистински гламур за моите очи. Ви благодарам”, напишала Селма Блер, додека актерката Холанд Тејлор само накратко рекла: “Драги Боже!”.