Атрактивната продавачка на мандарини Кристина Пенава која преку ноќ стана најпозната девојка во Хрватска, си дала отказ и со нов имиџ отишла да се забавува по белградските сплавови.
Таа фотката со новата фризура ја постави на својот Инстаграм профил чиј број на следбеници за три дена се зголемил на 37.000. Кристина долгата коса ја исплете во плетенки и со новиот имиџ викендов се забавувала во Белград.
Како што пишува индекс.хр, нејзината замена на тезгата за мандарини изјавила дека добила многу добра финансиска понуда да ја замени атрактивната продавачка, но редовите веќе ги нема. Кога ќе им објаснела дека Кристина веќе не работи тука, луѓето кои специјално доаѓале да ја видат, си заминувале без да купат мандарини.
Инаку, претходно Кристина продавала и по 300 килограми мандарини дневно на тезгата на стариот Сомборски пат.