Холивудската актерска ѕвезда Џони Деп веќе три недели е во Србија каде снима сцени од филмот „Минамата“ во режија на Ендру Левитас, во кој ја игра улогата на американскиот фотограф Јуџин Смит .
Српските медиуми пренесуваат дека е речиси невозможно да се стапи во контакт со него, но оние кои имале можност да работат или да се дружат со него, имаат само пофални зборови за Деп.
Иако секој ден снима, холивудскиот шармер наоѓа време и за забава по белградските ресторани. Таква дружба имал синоќа со секси девојките од групата “Хурикане“ .
“Тој е баш “кул“ тип. Џони ни рече дека сме убави и забавни. Рече дека целиот наш концерт бил многу впечатлив, дека му се допаднало тоа што го видел и дека со задоволство ќе дојде на некој наш друг концерт на Карибите, каде и ние и тој често престојуваме“ изјави пејачката на групата, Ивана.