Синоќа започна 76-тото издание на Канскиот фестивал, а модното издание на оваа манекенка направило вистински спектакл пред отворањето на црвениот тепих.

Модерно, предизвикувачко и со стил. Погледнете ги деталите на овој стајлинг на модната ѕвезда.
Децении наназад, Канскиот филмски фестивал е најзначајниот филмски настан во годината. Познатите лица и тоа како се трудат да заблескаат на црвениот тепих и во тоа имаат помалку или повеќе успех секоја година. Одредени фустани влегуваат во модната историја на оваа манифестација.

Спектаклите како што гледате се случуваат и надвор од црвениот тепих којшто е поставен на Канскиот филмски фестивал.
Синди Бруна привлекла огромно внимание појавувајќи се во елегантен комбинезон, под кој не носела градник
Предизвикувачкото издание дошло до израз на фотографијата направена од профил. Сепак, таа не ја преминала границата на добриот вкус, па ова е успешна модна провокација.

