Латино дивата Џенифер Лопез со нејзиниот свршеник Алекс Родригез го искористија својот престој во Сен Тропе и за уживање. Откако присуствуваа на роденденската прослава на поранешниот кошаркар Меџик Џонсон, тие се релаксираа на луксузна јахта.
50-годишната пејачка и актерка позираше во едноделен костим за капење. Таа со своето секси и затегнато тело изгледа фантастично за својата возраст.
„Засекогаш млада“ – ѝ пишува на белиот костим.