Една од најубавите глумици на светот Софија Вергара го прослави својот 51 роденден. Истовремено „прослави“ и 30 милиони следбеници на Инстаграм.
51 годишната актерка која сеуште плени со својата става и убавина на радост на фановите објавои фотка во бикини под која напиша.
“30.000.000 следбеници!! Ви благодарам на сите! Ви благодарам што сте секогаш тука за мене! Ви благодарам што секогаш ме поддржувавте во сè што правам!! Бакнежи од Италија”, напишала Софија покрај фотографиите во едноделен костим за капење, кој ја истакна нејзината беспрекорна фигура.
Софија инаку во моментов со својот сопруг актерот Џо Манганиело ужива на одмор во Италија.