Лекарката Катарина Бајец за порталот Нова.рс зборува кога пациентите по прележаниот коронавирус да се вратат на физичката активност како пред болеста, но и како да се хранат и кои суплементи да ги земаат.
– Кога станува збор за коронавирусот кон физичката активност треба да се вратите полека и постепено.Заборавете на тоа дека една недела по болеста треба веднаш да ја вратите активноста на ниво од пред болеста. Најважно е да го слушате и следите својот организам. Треба постепено да се враќате на секојдневните активности, вклучувајќи ја и физичката активност. И никако себе да не се терате преку својте моментални можности – вели лекарката и додава дека најдобро е да се консултирате со лекар за тоа кога да се вратите на физичките активности.
Д-р Бајец вели дека институтот за спортска медицина во Њујорк неодамна објавил листа со препораки за тоа кога да се почне со физички активности по блага до умерена клиничка слика на ковид.
– Според нивните препораки, тие кои имале благи респираторни проблеми во рамките на ковид инфекцијата можат да се вратат на физичка активности со помал интензитет, како лесна прошетка, најрано една недела по негативниот тест и по повлекувањето на сите симптоми на коронавирусот. Од друга страна, лицата кои имале компликации на срцевиот мускул, како пореметување на ритамот или миокардитис, не им се советува физичка активност најмалку шест месеци по прележувањето на инфекцијата, а и тогаш прво треба да се консултираат со кардиолог – вели д-р Бајец и додава дека асимптоматските носители на вирусот треба да бидат внимателни.
– Дури и тие во првите денови по негативниот тест не треба да надминат 50 отсто од својата кондиција која ја имале пред позитивниот тест и треба постепено да го подигнуваат степенот на физичка активност – вели таа.
Што се однесува до исхраната, тука нема посебни препораки бидејќи тие кои важат секогаш и сега треба да се применуваат.
Според неа, исхраната треба да биде ворамнотежена со доста овошје и зеленчук, кои се извор на важни витамини и минерали. Не треба да се заборават ниту изворите на протеини, како риба и месо или одредени растителни намирници, за тие кои не конзумираат намирници од животинско потекло.
И кај земањето на суплементи најдобро е пациентите кои прележале коронавирус да се консултираат со лекар.
– Генерално во зимските месеци може да се земавитаминот Д. Доколку се земаат мултивитамински препарати, тогаш нема потреба одвоено да се земаат витамините Д и Ц, цинк и останати суплементи – вели лекарката.