Бил и Мелинда Гејтс официјално се разведоа, пренесува ТМЗ, на која и бил даден пристап до судските документи.
Се наведува дека ниту една од страните нема да добие брачна поддршка и нивниот имот ќе биде поделен во согласност со договорот за развод. Странските медиуми пишуваат дека Мелинда и Бил се договориле кому што ќе припадне кога одлучиле да се разведат. Исто така, Мелинда нема да го смени презимето.
ТМЗ пишува дека во судските документи стои дека тие немаат никакви проблеми со старателството над нивните три деца, со оглед на тоа што тие повеќе не се малолетници.
Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај.
“Во текот на изминатите 27 години, подигнавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Продолжуваме да го споделуваме нашето верување во оваа мисија и продолжуваме да работиме заедно во фондацијата , но ние повеќе не веруваме дека можеме да работиме заедно, да живееме во пар во следната фаза од нашите животи “, напишаа тие во соопштението.
Во брак беа 27 години. Тие се запознале кон крајот на 1980 -тите, кога Мелинда се приклучила на Мајкрософт во сопственост на Бил, и се венчале во 1994 година.