Анонимен Британец преку ноќ стана ѕвезда бидејќи дошол до бизарна идеја.
Според сведоштво на пријателка блиска до брачниот пар, анонимниот Британец секој пат кога води љубов со својата сопруга, ѝ остава 20 долари во тегла или во касичка. Можеби ова немаше да предизвика толку многу коментари, да не беше неговото објаснување кое ги налути сите.
Случката била разоткриена откако една пријателка на брачната двојка ја забележала теглата со пари, а на прашањето за што се работи, сопругот ѝ објаснил дека дошол до таа идеја бидејќи, како што се вели, „му здодеале поплаките на сопругата , која постојано имала замерки на евтините и монотони патувања што тој ги организирал за нејзиниот роденден секоја година“.
Нивната пријателка ја споделила оваа необична приказна на Фејсбук и напишала:
– Неодамна посетив пријатели и забележав интригантен сад на нивниот пулт. Љубопитно прашав дали се работи за сад во кој се плаќа казна за пцуење. Пријателката изгледаше збунето, но пред да одговори, нејзиниот сопруг рече: „Не, тоа е тегла на љубовта!“.
И тогаш тој објасни сè.
– Секогаш кога таа ќе ме задоволи, ѝ оставам 20 долари во теглата. Еден месец пред нејзиниот роденден, парите ќе ги искористиме за нејзиното патување – рекол сопругот.
Дури и се пофали дека теглата ја користат од јануари годинава.
Сосема очекувано, следеа лавина негативни коментари.
– Замислете да сте толку лоши в кревет, па да морате да ѝ плаќате на вашата жена. И притоа да мислите дека тоа е за некакво фалење – напишал еден од коментаторите, а друг порачал:
-Тие не се во врска – тие се деловни партнери.
-Кога сопругот би ми предложил такво нешто, веднаш би го оставила – напишала една жена, а друга додала:
– Кога би морала да си го платам роденденскиот подарок така што ќе му „пружам задоволство“, во теглата би имало уште помалку пари, своето роденденско патување би го планирала без него, пренесува Мирор.