Манекенката и активистка Падма Лакшми можеби има 53 години, но никогаш не би го рекле тоа кога ќе ја погледнете. Заносната убавица до ден-денес не изгледа како да има повеќе од 30 години, а на нејзината фигура би позавиделе многу помлади девојки.
Нејзиното срце, како што пренесуваат странските медиуми, го освоил писателот Теренс Хејс, кој не крие дека е маѓепсан од Падма, но нејзината убавина не била секогаш благослов. Напротив.
Убавата Падма, која долго време беше водителка на популарниот натпревар „Top Chef“, во 1999 година го запознала познатиот писател Салман Ружди и била воодушевена од неговата брилијантност и елоквентност.
Толку многу што подоцна во интервју за магазинот „People“, Лакшми дури го споредила Ружди со Хемингвеј.
„Мислам, тој беше најдоброто нешто што ми се случило во мојот живот дотогаш. Фактот дека некој од таков калибар е доволно заинтересиран за мене за да сака да ме однесе на ручек беше некако неверојатно“, изјави тогаш таа.
Иако Ружди бил во брак со својата трета сопруга кога тој и Падма се запознале, тој на крајот се разведе, за да започне да живее со манекенката во 2000 година.
Четири години подоцна се венчаа и првите неколку години имале многу убав и среќен брак, кој Падма го опиша во својата автобиографија „Love, Loss, and What We Ate“.
„За мене беше прекрасно затоа што конечно имав некој што ме разбира бидејќи и тој беше Индиец, а исто така живееше на Запад и беше многу вешт во навигацијата во тие два света“, објасни Падма.
Меѓутоа, додека светот беше убеден дека наградуваниот писател ја чувал како капка вода на дланка, вистината била сосема поинаква.
По венчавката, проблемите во нивниот брак биле невозможно да се игнорираат. Иако во тоа време немала дијагноза, Лакшми честопати била „прикована“ за кревет поради неподносливите болки, што биле последица на ендометриоза.
Сето тоа отежнувало да има односи со сопругот, а постојаната потреба на Ружди за сексуална интимност директно се косела со нејзиното здравје. Во еден момент, Ружди толку се налутил поради недостатокот на интимност во нивниот брак што својата врска со Лакшми ја нарекол „лоша инвестиција“.
Дури и откако ѝ била дијагностицирана ендометриоза и била подложена на операции за ублажување на симптомите, Ружди често патувал додека манекенката сама закрепнувала од различните операции. Сето тоа довело до развод само 3 години подоцна, односно во 2007 година.
Во 2016 година, Лакшми откри неколку детали за нејзиниот брак со Ружди и нејзините односи со други значајни мажи, вклучувајќи го Теди Форстман, извршен директор на медиумската империја „IMG“ и ризичниот капиталист Адам Дел.
Иако Лакшми зборуваше за многу интимни детали од нивната врска, тврди дека таа и Ружди сега се пријатели.
„На многу начини сè уште го сметам за дел од моето семејство“, изјавила познатата убавица.
„Мислам дека ако навистина се заљубиш во некого, дури и ако се одљубиш од него, сепак мораш да имаш некој мал дел, некој мал отпечаток во срцето што никогаш не може да се изгасне или да се избрише“, додала таа.