Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Охрид – 23, Битола – 21, Куманово – 20, Прилеп и Велес – по 14, Кавадарци – 13, Струмица и Штип – по 12, Тетово – 8, Гостивар – 7, Кичево – 5, Неготино, Кочани и Делчево – по 4, Струга, Крива Паланка и Радовиш – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 2, Ресен, Гевгелија, Кратово, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022г.