Тие спаѓаат во групата на најпознатите парови во Шпанија и светот. За нив се знае сѐ, а она што беше непознато за нејзиниот брак со Серхио Рамос, Пилар Рубио го откри како гостинка во емисијата „La Resistencia“. Многу теми едноставно не се табу за неа.
Пилар Рубио гостуваше во емисијата на контроверзниот шпански водител Дејвид Бронкан, познат по интригантните прашања, како она што ѝ го постави на сопругата на Серхио Рамос и негова колешка, со оглед на тоа што таа е водителка на „Ел Хормигуера“ од 2014 година.
Бронкан ја прашал колку пати неделно води љубов со сопругот. “Секој ден! Понекогаш неколку пати на ден. Се разбира, кога не сум во Мадрид на снимање на шоуто“, одговори Пилар и предизвика реакции во студиото. Водителот додаде: „Па, не е ни чудо што имате четири деца“.
И додека прашањето за интимните врски не ѝ претставувало проблем, таа не сакала да одговори на прашањето за нејзината водителска плата. Па, тоа е дел од интимноста. Сепак, таа се согласила да открие колку пари има на нејзината банкарска сметка. Само 52 илјади евра и толку“, изјавила таа, а ние го забележуваме ова „само“.
Споменатата бројка е ситница во споредба со десетици милиони евра на кои се проценува богатството на нејзиниот сопруг, но е далеку од занемарлива бројка.
Пилар Рубио и Серхио Рамос се во брак од 2019 година и имаат четири сина, Серхио, Алехандро, Максимо и Марко. Велат дека е најубава меѓу сопругите на фудбалерите, а често и даваат „титула“ на божица. И само малку да се пошегуваме, по изјавата за нејзиниот интимен живот, на прекрасната Пилар ќе ѝ позавидат оние кои тоа не се.