Ева Лонгорија важи за една од најубавите холивудски актерки, за која често се вели дека не се менува. Иако годините минуваат, Ева успева да ја одржи витата става, поради што секојдневно добива прашања од многу жени.
Сепак, малкумина знаат дека Ева по бременоста успеала да ослаби дури 20 кг! Како што објаснила во една пригода, успеала во тоа бидејќи вовела само неколку здрави навики.
Менито на Ева се променило така што почнала да јаде повеќе зеленчук, а најмногу спанаќ! Освен тоа, актерката секојдневно консумирала брокули и прокељ, а шеќерот целосно го исфрлила. Интересно е тоа што актерката си одвоила еден ден во неделата за нејзините две омилени задоволства: пица и чипс.
Сепак, слатките не ѝ претставувале проблем. Не само што не е зависна од нив туку и не ги сака, па така немала од што да се откажува кога станува збор за благото.
Според магазинот Women’s Health, Лонгорија го започнува денот со кајгана и свежо овошје. Руча месо и зеленчук готвен на пареа. За вечера претпочита риба и зеленчук, како и меѓуоброк кога консумира свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.
Не би постигнала ништо ако не вовела и физичка активност. Ева секојдневно трча и вози велосипед, а три до пет дена во неделата вежба пилатес. Интересно е тоа што актерката практикува скокање на трамболина како кардиотренинг, па секојдневно скока на неа 20 до 30 минути.