Мартина Б, мајката на детето Д.Б. од Сента, Србија, кое во вторникот на четвртиот роденден го усмртиле два бесни ротвајлери во дворот на семјената куќа, со крајно потресни зборови утрово на социјалните мрежи се прости од своето единствено дете.
“Секогаш ќе те гушкам, секогаш ќе те галам пред спиење, секогаш ќе трчаме по дома, секогаш ќе играме фудбал, секогаш ќе играме среде соба, секогаш ќе гледаме ‘Boss Baby’, секогаш ќе се смееме и ќе врескаме од среќа, секогаш ќе се возиме со автомобил, секогаш ќе ја јадеме твојата омилена пица, секогаш ќе си ги држиме рацете пред спиење, секогаш ќе ти купувам автомобили, секогаш ќе одиме во твојата омилена продавница, секогаш ќе ги прелистуваме твоите омилени книги, секогаш ќе готвиме… Секогаш ќе им трчаш на луѓето во прегратка, секогаш ќе ги бакнуваш луѓето трипати, дури и во чело, секогаш ќе трчаш, секогаш ќе си играш со омилените автомобили, секогаш ќе играш фудбал… Засекогаш!!! Мама те сака, најголем мамин бисеру, секогаш си срцето на моето срце, душата на мојата душа, секогаш си силата поради која се борам, секогаш си најубавиот на мајка, секогаш си најубавата насмевка, секогаш си сè што може да биде засекогаш. Синче мое, единствено дете мое, ти си секогаш тука со мене и мама те чувствува и те сака засекогаш најмногу на светот“, напиша скршената мајка на социјалните мрежи.
Инаку, трагедијата се случила во вторникот околу 21 часот, кога мажјак и женка ротвајлери одеднаш го нападнале 4-годишното дете во дворот на семејната куќа во Сента.