Водителката и маркетинг директор на ТВ Алфа, Ирена Спировска дефинитивно е пример за жена која изгледа прекрасно како однадвор, така и одвнатре. 45-те години колку што ги има за неа се само бројка. А малкумина би и ги дале, бидејќи изгледа много помлада.
Ирена на последното снимање на новиот телевизиски музички проект „Музика на кирилица“ се одлучи за похрабра модна комбинација. Имено, таа избра комбинезон кој што ја истакна нејзината витка линија, но најмногу се истакна нејзиното длабоко деколте од кое ѕиркаше црниот градник.
Инаку, Ирена Спировска е во врска со Душко Исајловски. Освен неколкуте заеднички фотографии поставени на социјалните мрежи таа не сака да зборува многу за својот љубовен живот.