Само десет дена откако го доживеа вториот спонтан абортус годинава, Хиларија Болдвин, заедно со својот сопруг Алек Болдвин се појави во јавност. Синоќа присуствуваа на гала вечерата која секоја година ја организира американскиот Природноматематички музеј во Њујорк заедно со повеќето од актерите на Сатурдаѕ Нигхт Ливе.
Глумецот се определил за цен смокинг со бела кошула, а Хилари облекла елегантна тоалета, чиј горен дел бил украсен со циркони и детали во облик на цвет.
Инаку, Алек Болдвин (61) и неговата сопруга Хиларија (35) заедно имаат четири деца: ќерката Кармен и синовите Рафаел, Леонардо и Ромео, а глумецот ја има и ќерката Ајрленд од бракот со Ким Бесинџер.
Сепак, тие сакаат да добијат уште еден член. Хилари забременила двапати годинава, но доживеала спонтан абортус. Вториот спонтан абортус, кој се случил пред десетина дена, целосно ја скршил.