Сигурно познавате некој кој „не знае“ за компромис. Тоа се оние луѓе кои секогаш мора да бидат во право, без разлика за каква работа станува збор. Тврдоглавоста како особина е најизразена кај овие три хороскопски знаци.
Лав
Најегоистичните од сите знаци, Лавовите, под чест им е да признаат дека не се во право. Секогаш се однесуваат како што сакаат и зборуваат што сакаат, а доколку се обидете да им покажете дека грешат, стануваат многу непријатни.
Овен
Иако ги краси особината на одлучност, Овните и со неа понекогаш претеруваат. Ако за себе имаат одредена цел, ќе направат сè за да ја постигнат и нема да дозволат никој и ништо да им застане на патот.
Шкорпија
Шкорпиите може да се препираат до бесконечност. Често поради тоа им се многу иритантни на луѓето околу себе, но тие не се откажуваат додека не докажат дека се во право.